Предистрага за евентуално кривично дело поврзано со мандатот на Весна Дамева

t

Министерството за внатрешни работи ја потврди предистрагата за евентуално сторено кривично дело поврзано со мандатот на претседателката на Судскиот совет во заминување, Весна Дамева, која поднесе оставка на 2 декември.

Според информациите од МВР, одземени се два записници од Судскиот совет кои се предмет на проверка. „Одземено е сè што треба, предистрагата е во тек. Кога ќе заврши, јавноста ќе биде информирана“, изјавија од МВР за МИА.

Полициските службеници, по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, вчера влегле во Судскиот совет за да ги обезбедат бараните записници. Обвинителството потврди дека постапката не е поврзана со случајот за црната листа на САД, туку со известување од МВР за сомнежи околу мандатот на Дамева.

На 28 ноември, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека има информации за нерегуларности во Судскиот совет, вклучувајќи фалсификувани документи со различни датуми и печати, без потписи. Тој ги повика надлежните органи да ги истражат овие наводи.

Весна Дамева ја поднесе својата оставка поради, како што наведе, недостаток на поддршка и обиди за нарушување на нејзиниот интегритет од страна на високи функционери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предистрага за евентуално кривично дело поврзано со…

Министерството за внатрешни работи ја потврди предистрагата…