Предлогот на Орбан не го омекна ставот на Бугарија кон Македонија

t

Одбиено пред и да стаса до Софија. Вака заврши понуденото медијаторство на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, за надминување на билатералниот проблем меѓу Македонија и Бугарија. Орбан кој вчера во Охрид соопшти дека до македонската страна доставил предлог за надминување на проблемот, но побара и согласност од Бугарија за Унгарија и официјално да стане медијатор, експресно беше одбиен од бугарската влада.

Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес, изјави шефот на бугарската дипломатија Иван Кондов.

Понудата од Унгарија, но и одбивањето од Бугарија уследија само два дена откако Европската унија реши да го раздели патот на Македонија и на Албанија кон полноправно членство, за што гласала и Унгарија.

За експертите кои ги следат европските процеси разделувањето било очекувано и најавено и се на став дека поради тоа не треба да се подгрева дополнителен анимозитете кон ЕУ. Според нив требало да се покаже дека процесот на проширување е жив.

Симонида Кацарска, од Институтот за европска политика во Топ Тема изјави дека многу побитно е тоа што ни се случува дома, особено што процентот на песимизам дека никогаш нема да станеме членка на ЕУ во земјава е многу висок.

Ние имаме над 30. Така да ефектот е тој, тешко ќе го повратиме наназад, меѓутоа она што ние го живееме тука, веројатно, покрај ова симболично, како го нарековте меритирање од ЕУ, многу поважна е домашната некадарност која што ја имаме и домашната неможност да се креира заедничка стратегија за овие прашања, смета Кацарска.

Новинарката Светлана Јовановска, пак смета дека решавањето на проблемот со Софија лежи во Софија и во дијалогот меѓу Македонија и Бугарија без оглед дали ќе име или не посредници меѓу нив. Но според неа, моменталната состојба на односите меѓу двете земји не оставаат многу простор за такво нешто.

Во ситуацијата сега, во овој момент, јас не гледам дека може да има било каков дијалог. Ние ќе продолжиме да одржуваме состаноци со ЕУ, се надевам умно ќе ги искористиме парите за кои што зборувавме, што ни ги дава ЕУ, дека ќе направиме некоја реформа која би била корисна за сите нас. Но засега, во идните пет години јас не гледам излез за нас, всушност мислам дека нема да има проширување во наредните пет години, вели Јовановска.

Посетата пак на Орбан со понуденото медијаторство, декларираното братство и уште поважно понудената финансиска помош за земјава, за нив е сигнал дека Унгарија работи на јакнење на своето присуство во регионот и враќање на Македонија во јатото на нејзини поддржувачи.

Унгарија се гледа себе си како држава којашто сака да се наметне на Балканот и пред се преку премиерот Орбан. Тие врски ги одржуваат и со Србија и сега повторно, на некој начин, за многумина ова звучи како враќање во јатото на Орбан на оваа држава, којшто веројатно одреден период не беше сметана како дел од најголемите сојузници на премиерот Орбан, што за нас долгорочно ќе има последици и ќе има влијание како ќе се позиционираме во однос на другите држави во ЕУ, вели Кацарска.

Според Јовановска, Орбан дури и повеќе добива од посетата на Македонија отколку самата Македонија.

Со патувањето на Орбан во Македонија покажува дека има земја којашто ја почитува како земја-претседавач, бидејќи во Брисел практично и да се не се слуша дека Унгарија ја води Европска унија. Така што тоа е за нив, веројатно, еден вид понижување, вели Јовановска.

Според Јовановска факт е дека владата на Орбан е силен поддржувач на проширувањето, но според стандардите и леберализмот на Орбан, и оти врските со Унгарија десега не успеало да и издејствува старт на преговорите на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец уапсен во Кисела Вода, сакал да…

Жител на Скопје вчера бил уапсен поради…

Предлогот на Орбан не го омекна ставот…

Одбиено пред и да стаса до Софија.…

ФФМ: Нападот на Сејдини е директен удар…

Откако вчера неколку маскирани лица го нападнале…

Обдукцијата треба да ги покаже причините за…

Како што информираа од болницата веднаш биле…

Промена на времето: УХМР за утре најавува…

Управата за хидрометеоролошки работи најавува значителна промена…