Предложени се тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска
Покрај Игор Николов кој треба да замине за амбасадор на Франција, предложени се уште тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска.
Извори од Владата за МИА потврдуваат дека за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.
На вчерашната владина седница донесена е и одлука за почнување на постапка за отпвикување на девет актуелни амбасадори. Меѓу нив се амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, во Белгија – Методија Белевски, амбасадорката и постојана претставничка на Северна Македонија при Советот на Европа, Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.
На оваа листа се и амбасадорите во Босна и Херцеговина – Јакуп Реџепи, во Чешка – Емил Крстевски, во Шведска – Џенк Сејфила,како и Катерина Ставреска, амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…