Предложен притвор за насилникот кој тепал жена и малолетни деца!
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил две продолжени кривични дела – Тешка телесна повреда по член 131 со став 2 и став 1 и едно продолжено кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Во период од 4 до 7 март, во семејниот дом во Визбегово, осомничениот 24-годишник со умисла во повеќе наврати вршел семејно насилство и со тупаници, клоци и тврд предмет и нанел тешки телесни повреди на оштетената негова вонбрачна партнерка и нејзините две малолетни деца на возраст од 10 и 4 години.
Тој континуирано физички ја напаѓал жената, на која и нанел повеќе скршеници и други повреди. Кај помалото дете со тепање предизвикал хематом на црниот дроб, контузии со хематоракс на белодробно десно крило, лузни на лицето и отсуство на заби во устата, додека кај постарото предизвиканите тешки телесни повреди се животно загрозувачки скршеници на коски на череп. Со тешкото семејно насилство сакал да ги натера парите од просење да му ги носат нему.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. По целосно прибирање на доказниот материјал, не е исклучена можноста и за потешка правна квалификација на делото.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…