Предлози за одвојување на МАНУ и формирање на албанска академија: Коцарев вели тие прашања се решаваат внатре во МАНУ

t

Претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев одби да го коментира академик Абдулменаф Беџети дека ја прифаќа фрлената ракавица од академик Катица Ќулафкова за формирање трета албанска академија. Тој не сака да зборува за поделбите во Академијата, но најави дека очекува за сите прашања Собранието на МАНУ да заседава по одморите. Коцарев за „Слободен печат“ потврди и дека во МАНУ била закажана седница за „францускиот предлог“, но дека ја одложиле за по одморите.

– Не би коментирал ништо за академик Беџети. Тие прашања треба да се разговараат внатре во Академијата. По одморите, ако некое од одделенијата побара, Собранието ќе одржи седница. Точно е дека седницата за „францускиот предлог“ беше закажана, па одложена за по одморите. Ја одложивме бидејќи за денот кога беше закажана уште го немавме на увид францускиот предлог – ни изјави Коцарев, кој додава дека ако од седницата произлезат заклучоци, тие ќе бидат споделени со јавноста.

Избори и протести

Поделбите и недоразбирањата помеѓу академиците почнале по изборот на нови членови на МАНУ, а кулминираа по „францускиот предлог“ и протестите против прифаќањето на Преговарачката рамка, а на кои учествуваа и претседателот Коцарев и академик Ќулавкова.

Ќе се подели ли МАНУ на паралелни еднонационални академии или ставовите на дел академици ќе останат изолирани, ќе биде појасно во септември.

Ќулавкова во интервју за Канал 5 предложи формирање трета албанска академија, која би била во Македонија. Во интервју за „Вечер“ таа смета дека Бадентеровиот принцип е дискриминирачки спрема македонскиот народ.

– Малцинските етнички заедници се привилегирани во однос на мнозинскиот и конститутивен македонски народ – вели Ќулавкова.

Таа нагласи и дека „полека-полека, нашава држава ќе почне да функционира како апартхејд, а сега се отвора и можнота да функционира како еден вид неопротекторат. Сето тоа е, се разбира, спакувано свечено во една празна, вакантна реторика“.

Беџети: Со сила не се останува заедно

Беџети не остана должен и во колумна за весникот „Лајм“ ѝ порача на Ќулавкова: „Ние можеме да се разделиме од МАНУ веднаш без двоумење. Ја прифаќаме ‘фрлената ракавица’! Ние веќе сме докажале дека знаеме да направиме научни и образовни институции и подобро од нив“.

– Ако не нè сакаат во своите пазуви, застапени колку што сме, без консултација со другите колеги Албанци, бидејќи верувам дека немаат замерка, јавно изјавувам дека можеме да ја создадеме, но не повеќе незаконски, неформално и приватно, како што правевме во минатото со нашите првични институции, туку да се разделиме веднаш и без двоумење со сите финансиски, просторни и технички средства. Веднаш да повлечеме 30 отсто од јавниот буџет од МАНУ и да имаме наш дел со сите јавни средства што се создадени од јавните пари на даночните обврзници. Сосила не се останува заедно и наместо научна продуктивност, ја губиме креативната енергија, занимавајќи се со дневна политика и етнички, културни, конфесионални фрагментации итн. – напиша Беџети.

Тој има забелешки на изборот на нови членови на МАНУ и на „некои академици што не се оттргнале од менталитетот од минатото“.

– На последниот конкурс, во Одделението за општествени науки што јас го предводам, од седум члена, со шест убедливи гласа „за“ го поминавме кандидатот проф. д-р Мируше Хоџа и на Собрание – го соборија! Нејзината научна и академска креативност (три магистратури и два доктората, од кои повеќето меѓународни) со си-ви од повеќе од 20 страници, го надминува опусот на најмалку половина од постојните членови на Академијата и повторно не помина – пишува Беџети.

Не е првпат да има судир меѓу академиците на меѓуетничка основа. Јавноста ја памети контроверзната Енциклопедија, која подоцна беше уништена, а МАНУ ја подигна тензијата и со „проектот за размена на територии“.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Академик Абази: МАНУ е една…

Имаме една Академија за сите, порачува академик…

ДОМ: Формирање на Албанска Академија на науките…

Ставот на ДОМ е дека  иницијативата на…

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

(Видео) Таравари: Доколку МАНУ не внесе Албанци…

МАНУ е друштво во коешто примаат само…

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

На 98-годишна возраст вчера почина академик Јордан…