Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

t

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”.

Одлуката е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот го определи Основниот кривичен суд Скопје. Воедно, решението на Јавното обвинителство е донесено и заради обезбедување економичност и единственост на кривичниот прогон, со оглед на тоа што во истиот предмет за одредени осомничени се уште се води предистражна и истражна постапка и неопходно беше да се определи јавно обвинителство кое ќе постапува за овој кривично-правен настан.

За решението е доставено известување до Основниот кривичен суд Скопје, а кочанското обвинителство е задолжено да ги предаде списите и доказите од овој предмет на Основното јавно обвинителство Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во…

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе…

Малолетничка била сексуално вознемирувана од соседот во…

МВР регистрира немил настан во скопската населба…

Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ алармира на…

Jавното претпријатие „Водовод и канализација“ алармира дека…

„Support Kocani“ донираше медицинска опрема и супламенти…

Иницијативата „Супорт Кочани“ донираше медицинска опрема и…

Траорна атмосфера на комеморацијата за починатите во…

Денеска, во салата на Центарот за култура…