Предметот за пожарот во „Пулс“ со 2 возила и полициска придружба се транспортира во Скопје Кривичниот суд ќе го оценува обвинителниот акт за 34 лица
Со два автомобила и со полициска придружба се врши транспортот на предметот за пожарот во диксотеката „Пулс“ од Основниот суд во Кочани до Кривичниот суд Скопје.
– Од Основниот суд во Кочани предметот, заедно со сите приложени списи и докази, се носи во Основниот Кривичен суд Скопје, согласно одлуката на Врховниот суд. Таму ќе биде предаден на службите за понатамошна постапка – вели претседателот на Апелацискиот суд Штип, Тони Делев.
Тој посочува дека станува збор за обемен материјал, а доказниот материјал е сместен во две возила.
– Понатаму ќе одлучува Основниот Кривичен суд Скопје. Ќе се оценува обвинителниот акт, највероватно ќе има и приговори. Целата постапка ќе се спроведе како што предвидува законот – вели Делев.
Во истражната постапка за предметот „Пулс“ беа ангажирани сите судии во Основниот суд во Кочани, еден од Виница, тројца судии од Основниот суд во Штип и сите судии од штипска Апелација, кои одлучуваа за жалбените постапки и за решенијата за притвор.
Во овој предмет обвинети се 34 лица и три правни субјекти.
Во трагедијата во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Предметот за пожарот во „Пулс“ со 2…
Со два автомобила и со полициска придружба…
Намерно бил подметнат пожарот на плацот во…
Пожарот во Кочани што избувна на почетокот…
Жена нападната од мечка на шумски пат…
Жена од тетовското село Синичане во Општина…
Се вжешува кавгата на Трамп со Маск:…
Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски…
Македонија ќе го одбележи учеството на македонски…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и шпанскиот премиер Педро…