Објавено на:

ПРЕД ВИМБЛДОН – НЕ ЈАДИ ТРЕВА КОГА СУМ ЈАС НА ТЕРЕН: Кирјос му испрати порака на Ѓоковиќ

t

Ник Кирјос, поранешниот финалист на Вимблдон, испрати порака до Новак Ѓоковиќ во пресрет на Грен слем турнирот во Лондон.

Најголемиот турнир на трева започнува на 3 јули, а Ѓоковиќ по осми пат ќе се обиде да го освои трофејот и со тоа да го израмни рекордот на Роџер Федерер.

Ѓоковиќ неодамна на социјалните мрежи ја објави познатата фотографија на која грицка трева од Вимблдон, испраќајќи директна порака до сите дека е подготвен да освои нов пехар. Српскиот тенисер оваа традиција ја има од 2011 година, кога првпат го освои пехарот на познатиот турнир.

„Се сеќавам на вкусот и сѐ уште сум гладен “, напиша Ѓоковиќ на објавата.

Кирјос, кој загуби од Ѓоковиќ во минатогодишното финале, почувствува дека е потребно да одговори на оваа порака.

“Те молам да не јадеш трева пред мене повторно. Ако повторно победиш, тогаш овој пат те водам на пијачка”, порача Австралиецот.

Инаку, Ник Кирјос сѐ уште има проблеми со повредите, а неодамна поради тоа го откажа учеството на турнирите во Хале и на Мајорка.

Сѐ уште е неизвесно дали Кирјос ќе се појави на третиот Грен слем во сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…