Пред општинската зграда во Маврово и Ростуше покрај македонското, закачено и турското знаме
Врз основа на донесената одлука на Советот на општина Маврово и Ростуше, турското знаме поставено е на јарбол пред општинската зграда во Ростуше, со што испочитувана е волјата на турска заедница, која е најмногубројна во општината, објави на Фејсбук огранокот на Демократската Партија на Турците за оваа општина.
– На иницијатива на членот на Советот на општина Маврово и Ростуше, Сеадин Сејдију, кој е избран од редовите на Демократската партија на Турците во Македонија (ТДП), пред административната зграда на општина Маврово и Ростуше, покрај македонското, поставено е и турското знаме, кое претставува национален симбол на најбројната етничка заедница во општината, стои во објавата.
Се додава дека според резултатите од последен попис во РМ спроведен во 2021 година, турската етничка заедница е најмногубројна во општина Маврово и Ростуше.
-Демократската Партија на Турците во Македонија (ТДП) како и секогаш така и во иднина ќе работи во интерес на сите граѓани во општината, и ќе се залага за правда и развој подеднаков за сите, се нагласува во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
56-годишна жена која украла пари од обложувалница…
МВР информира дека синоќа во 19.50 часот…
(Видео) Мечка и две мечиња се појавија…
Мечка со две мали мечиња се фатени…
Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар…
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно…
Густа магла кај Бунец, Маврово видливоста намалена…
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива…
Со купена ски карта во Маврово ќе…
Со купена ски карта во Ресорт Маврово…