Пред судот сведочи долгогодишен пријател на Палевски: Не се виделе денот кога Вања беше грабнатa, Палчо тврдел дека е настинат

t

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Пред малку во судот сведочеше Ерол Османи:

ЕРОЛ ОСМАНИ

Обвинителство

О – Со кого од обвинетите се познавате?

Е – Само со Љупчо Палевски

О – Како се запознавте со него?

Е – Во време на издавање на дневен весник Глобал бев повикан од неговите редактори да помогнам во издавање на весникот затоа што не одеше како што треба, а јас како добар познавач на компјутерски мрежи се одлучив да му помогнам, тогаш се запознавме, тоа беше покомплицирана структура на весник.

О – Кога беше тоа?

Е – Мислам околу 2000 година, некаде 2000 – 2001

О – Кога после тоа продолживте да комуницирате?

Е – Кога се затвори весникот ние останавме во комуникација којашто беше, ние станавме пријатели

О – За што конкретно го побаравте Палевски повторно во периодот 2011-2012 година?

Е – Земав котел за греење дом од него и го контактирав константно од тој котел, често пред сезона ќе дојдеше ќе сетира, ќе каже што како и сега лани не ми функционираше воопшто котелот, имаше застој на редукторот, не можев да го користам и затоа зачестени се тие повици од мене кон него од средина на ноември лани, 2023

О – на 27.11.2023 година го баравте ли Палевски?

Е – Го барав на Фејсбук и не ми одговараше, имам и скриншотови, вака исто сигурно сум го барал и околу 11 и нешто часот навечер на 27ми ми јави дека ќе дојде утре сабајле, сабајлето потврди дека доаѓа и кажа дека околу 11 часот ќе дојде и дојде на 28ми.

О – Што ви рече зошто не дошол на 27.11?

Е – Дека бил преладен, ми пиша вечерта дека е подобар и рече утре ќе дојдам

О – Кога дојде на 28.11 беше добар со здравјето?

Е – Да

О – Водевте ли разговор тогаш со него?

Е – Да, најнормални разговори, технички работи

О – Ви кажа ли нешто за 27.11?

Е – Воопшто ништо

О – Забележавте ли нешто посебно кај него во однесувањето/

Е – Ништо, сосема нормално

О – Како дојде кај вас Палевски?

Е -Со бело возило, пикап

О – Што забележавте на тоа возило?

Е – Удрена беше шоферската врата , вдлабнатина имаше

О – Го прашавте ли Палевски што е проблемот со вратата?

Е – Не, само реков си го удрил

О – Како комунициравте со Палевски, преку кои апликации?

Е – На телефон обично порано, па на Фејсбук, Месинџер затоа што не ми креваше и му оставав порака

О – Што ви кажа за тоа дали нешто планира да заминува некаде на лекување?

Е – Не, знам дека имаше проблем со кичмата меѓутоа не ми кажа

О – Некогаш кај него забележавте ли да носи оружје?

Е – Никогаш

О – Преку радио врски сте комуницирале со него?

Е – Не, никогаш

ПАЛЕВСКИ ДИРЕКТНО ИСПРАШУВАЊЕ

П – Кога дојдов кај Вас да направам сервис во смисол на час?

Е – Јас знам дека околу 11 и нешто имам комуникација дека потврдувате дека ќе дојдете и дојдовте многу скоро, имам комуникација во 11.42 дека потврдува Палчо дека ќе дојде и после тоа отприлика околу 40 минути на 28.11.2023 се појави кај мене

П – Уште еднаш ќе прашам, дали на 22.11.2023 бев кај Вас да поправам котел?

Е – Не

П- Дали ви е познато дека на 28ми од 10 до 12 сум во живо на подкаст, како можам да бидам на две места во исто време?

Е – Вие после подкастот потврдувате дека ќе дојдете, рече во живо сум, да завршам, лаптопот е со мене, ја земам ќерка ми од Алкалоид и доаѓам кај тебе, дојде 40тина минути потоа, нека е саат време

П – Подкастот за кој сум пишал е завршен после 12 часот, дали ви е познато дека мојата ќерка ја земам во 15.30 пред Алкалоид?

Е – Не

П – Дали носев телефон со себе?

Е – Не се сеќавам

П – Колку време траеше сервисот?

Е – Отпликила пола саат до 40 минути, а може и саат време

П – Дали неколку пати се обидував да го пуштам котелот?

Е – Точно го дијагностицира проблемот, го отвори редукторот и го среди

П – Дали двапати го отворав редукторот?

Е -да

П – Дали имав обврска да дојдам?

Е – Немаше

П – Дали котелот беше под гаранција?

Е – Не

П – Дали ви земав пари за мојата работа?

Е – не

П- дали ја завршив моата работа?

Е – ДА

П – Дали постои можност да го помешате денот 22ри ноември со 28ми ноември?

Е – Не, сигурно не постои можност

П – Дали се однесував возменирено чудно?

Е – Воопшто

П – Дали ви спомнав дека полнев гориво пред да дојдам кај Вас?

Е – Не се сеќавам

П – Дали спомнав Ист Гејт, бензинска пумпа?

Е – Не се сеќавам

МАРЈАН ВИТАНОВ адвокатот на Палевски

М – Дали на друг начин сте комуницирале освен на Фејсбук преку Месинџер?

Е – Да

М – Дали на Телеграм или Вибер?

Е – Во конкретниот период не, на Вибер може и да, меѓутоа оваа комуникација за тој период беше на Месинџер, од средина на ноември до 28.11.2023 кадешто е последната комуникација и видување беше преку Месинџер и на телефон

М – Во овој период, од 22.11 до 27.11 дали го имате барано со вашиот телефонски број Љупчо Палевски?

Е – Да, претходно го барав на број којшто го имав пораон и на 22ри ми дава број уште еден и рече може и на тој да го барам, претходно го барав на телефон и не креваше, потоа на Месинџр ми прати нов број и од тој датум до 28ми можно е да сум го барал.

М – Дали од Ваша страна имало обид повеќе пати да воспоставите комуникација?

Е – Да, имав потреба за да се пушти греењето затоа што навлегувавме во период на греење

М – Во периодот од 22 до 28.11. кога не успевате телефонски да стапите во контакт со Палевски, дали констактиравте евентуално преку Месинџер?

Е – Нашата комуникација воглавно беше преку Месинџер тој период меѓутоа мои обиди да го добијам на телефон имаше повеќе, од коишто дали 3-4 пати сум успеал да остварам комуникација, останатиот дел е преку Месинџер

М – На 22.11 дали примивте порака и во колку часот?

Е – На 22.11 имам јас пуштено порака и фотографија на којашто има мотор од котелот, кадешто барам „ова го врзав уште преклани директно, не знам зошто можеби некоја склопка ми затаи“, после тоа имам „кај се врзува инаку“, не ми одговори на пораката, има мои пораки продолжуваат до 27 ноември на Месинџер и на 27.11 навечер во 23.3о добивам одговор кај што вели „ќе дојдам бе сабајле, одма сум подобар“, а претходно се имав слушнато на телефон каде ми кажа дека не е добар, „одлежав 3-4 саати, како да ме згазил камион ам аокеј не е страшно, ќе пројдам со лаптоп сабајле само да станам„

М – Дали на 22.11.2023 година Љупчо Палевски имате комуникација преку Месинџер?

Е – Од страна на Палевски немам, само стојат а претходно ми има пратено број кадешто можам да го барам

М – Дали на другите контакти имате датум?

Е – на останатите имам, на овој немам затоа што е прв

М – Дали останувате на тоа дека немате остварено комуникација на 22.11?

Е – комуникацијата е еднострана, пратив фотографии каде опишувам проблем

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ честиташе Мицкоски не… Шекеринска е одличен…

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени…

Пред судот сведочи долгогодишен пријател на Палевски:…

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска во…

Москва со нова закана: Улогата на НАТО…

Обидите на одредени земји од НАТО да…

Макрон се сети дека Кина е најбитна

Францускиот претседател Емануел Макрон по средбата со…

(Видео) Русија почна масовно производство на модуларни…

За прв пат Русија започна масовно производство…