Преживеани од пожарот во дискотеката „Колектив“ во Букурешт нудат помош по трагедијата во Кочани

Ние поминавме низ драма каква што сега ја доживуваат тие. И ние добивме помош, вели Греча, кој за време на пожарот во „Колектив“ имал 41 година. Тој бил во клубот за да го снима концертот на своите пријатели од групата „Goodbye to Gravity“. По пожарот, Михај Греча бил речиси еден месец во кома во болницата „Флореаска“ во Букурешт.
Михај Греча, еден од преживеаните од пожарот во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт во отворено писмо понуди помош и поддршка на повредените и нивните блиски по смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Како што пренесува романската редакција на Радио Слободна Европа, Греча пишува дека „прозорецот“ за безбеден транспорт на лицата со изгореници е 48 до 72 часа. Тие мора да бидат прегледани од специјалисти, бидејќи од тоа зависи нивниот живот.
Во пожарот што избувна на 30 октомври 2015 година во ноќниот клуб „Колектив“ во Букурешт загинаа 64 лица – 27 во ноќта на трагедијата, а останатите починаа во следните недели или месеци во болници во Букурешт и во странство. Околу 200 лица беа повредени. Огнот бил предизвикан од огномет предвиден за надворешна употреба, кој го запалил ентериерот, а пламените брзо се прошириле поради леснозапаливиот звучноизолациски материјал во клубот. Во објектот тогаш се наоѓале над 400 лица, иако неговиот капацитет бил 80 посетители.
– Пред 9 години 28 лица загинаа во пожар во клубот во Букурешт, а над 100 беа повредени. Романските власти, немајќи искуство со ваков вид катастрофа, беа преплавени. Поради ова уште 36 ги загубија животите во болниците. Трансферите во центрите за изгореници во странство започнаа доцна, за жал. Слична катастрофа синоќа ја погоди Северна Македонија со уште поголем број жртви и ранети. Им искажуваме сочувство на семејствата и пријателите на оние кои ги загубија своите животи. Кој е виновен е прашање за подоцна. Сега е време да дејствуваме за преживеаните! Лицата повредени пожар имаат можност за транспорт од 48-72 часа во рамките на кои можат безбедно да бидат префрлени во специјализирани болници. За ова да се случи тие треба да бидат оценети од специјалисти, бидејќи нивните животи зависат од ова.
Во овие критични моменти, ве охрабруваме да донесете тим од лекари специјализирани за справување со тешки повреди на изгореници, кои можат да ги изведат овие проценки и како луѓе кои се соочиле со слична трагедија, ја чувствуваме вашата тага и неизвесност. Во вакви времиња, границите не се важни, само човештвото е. Тука сме за вас, не само со зборови, туку на секој начин можеме да помогнеме. Тагуваме со семејствата кои ги изгубиле саканите, и надеваме за оние кои сè уште се борат да преживеат и да се вратат кај најблиските, како и да не биде залудна оваа трагедија – порача Греча во отвореното писмо.
Греча за романската редакција на Радио Слободна Европа изјави дека засега никој од Македонија не стапил во контакт со него.
– Ние сакаме да им помогнеме, бидејќи се наоѓаат во многу тешка ситуација. Ние поминавме низ драма каква што сега ја доживуваат тие. И ние добивме помош, вели Греча, кој за време на пожарот во „Колектив“ имал 41 година. Тој бил во клубот за да го снима концертот на своите пријатели од групата „Goodbye to Gravity“. По пожарот, Михај Греча бил речиси еден месец во кома во болницата „Флореаска“ во Букурешт.
Романија ѝ понуди на Македонија транспорт на повредените од пожарот со воени транспортни авиони, но раководителот на Департментот за вонредни ситуации, Раед Арафат, изјави дека земјата нема доволно места за лекување на пациенти со изгореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
СДСМ: Дали актуелните командири, инспектори и раководството…
„Скандалозно е ова што го прави власта.…
Бошковска: Младите од Кочани страдаат од панични…
Откако трагедијата во Кочани ги потресе локалните…
Ова е таа селективна праавда? Зошто актуелни…
24 лица се во притвор, 30-тина се…
(Видео)Одговорни за нелегалниот објект се МВР кои…
Министерот за економија Бесар Дурмиши на денешната…