Преземавме сет на мерки за да се спречи поскапувањето на струјата, вели Бислимовски
„Презедовме и ќе допреземеме одреден сет на мерки со цел да избегнеме зголемување на цената на електричната енергија. Да видиме каде сме, што сме, да проанализираме, па потоа ќе видиме дали ќе има зголемување или намалување на цените на електричната енергија, истакна денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го можното поскапување на струјата.
Бислимоски во гостување на “ТВ24” рече дека блок-тарифите биле воведени со цел да забележат какво ќе биде нивното влијание врз потрошувачката. Блоковите, како што вели Бислимовски, се воведени да влијаеме на потрошувачката кај домакинствата, а сега работиме и на воведување на блокови и за малите потрошувачи кои што се на регулиранитот пазар.
– Ако викаме сите да се вратат на регулираниот пазар, ЕСМ ќе мора да прави дополнителен увоз, значи треба да се направи јасна слика на кого и како да му се помогне. Апсолутно на сите комапнии кои имаат производен процес треба да им се помогне. На основни училишта, на средни училишта, на високообразовни институции треба да им се помогне. Треба да им се помогне делумно и на јавните комунални претпријатија, рече Бислимоски.
Претседателот на РКЕ оцени дека цената на струјата можеби и нема да се покачи, посочувајќи дека треба да се види како ЕСМ ќе ја заврши годината, со колкаво производство, треба да се види кои дополнително обврски ќе му се даваат на ЕСМ, па потоа да направат анализа.
– РКЕ кога било критично и проблематично не се плашела од носење на одговорност и зголемување на цена на електрична енергија, а сега да застанеме, да видиме каде сме, што сме и како ќе тераме понатака, рече Бислимоски.
Претседателот на РКЕ повтори дека мора максимално да се искористат домашните ресурси, таму од каде што може да се обезбедат евтини ресурси, да се обезбедат и да добиваме поевтина електрична енергија, пред сѐ за стопанството.
– Она што е факт е дека од 1 јануари до денес, Регулаторната комисија за енергетика има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотоволтаици во висина од 70 мегавати. Тоа е некаде колку што има „Шпилје”. Значи само за девет месеци, нашите компании, домашните приватни компании инсталирале фотоволтаици со капацитет од 70 мегавати, потенцираше Бислимоски.
Во однос на преговорите за „Те-то”, претседателот на РКЕ потенцираше дека Комисијата не се вклучила во преговорите ниту со Бугарија, ниту Србија, ниту со Турција. Дополнително, како што рече, РКЕ не може да набави јаглен, мазут, природен гас, тоа го прават други институции и компании, но она што го прави РКЕ е што ги поедноставува одредени процедури за да се завршат сите овие активности.
– Ние што го сметавме како Регулаторна комисија за енергетика го направивме. Во нашата одлука за цена за топлинска енергија предвидовме „Те-то” да работи цела грејна сезона со цел да се добие повеќе од два пати поевтина цена за топлинска енергија, а исто така „Те-то” ни е битно на нашиот електроенергетски систем со цел да стабилизираме понските прилики во градот Скопје. Верувам дека секој здраворазумен ќе направи се за да се обезбеди производство на електрична енергија од „Те-то”, истакна Бислимоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британците предупредија на уште една тешка зима
Сметките за енергија се очекува нагло да…
Владата нареди: Институциите мораат да заштедат 15%…
Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата…
За праведна енергетска транзиција потребни се домашни…
„Верувам дека оваа година производството на електрична…
Толку од сплотеноста во ЕУ – Германскиот…
Шолц: Германија нема да ја бојкотира руската…
Добро утро со Инфомакс: Шест видови храна…
Доколку не сте утринска личност, будењето рано…