Објавено на:

Прекината наставата во сите училишта и градинки на северот на Косово

t

На северот на Косово и Метохија од утре ќе биде прекината наставата во сите основни и средни училишта, како и во градинките. Ваква  одлука е донесена на состанокот на директорите на училиштата на северот на Косово и Метохија со раководителот на Училишна администрација, пишуваат српските медиуми.

Родителите на децата на северот на Косово добија порака со содржина дека наставата се одложува додека косовската полиција во полна воена опрема не се повлече од север.

Наставата беше прекината поради насилниот упад на припадниците на косовската полиција и специјалните сили и окупацијата на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Општинските згради во три општини на северот на Косово се обезбедени од голем број припадници на косовската полиција и нејзините специјални единици.

Заменети се вратите на општинските згради, како и видео надзорот.

Во Звечан средното училиште се наоѓа веднаш до зградата на општината, а околу него се распоредени и косовски специјалци.

Повеќе од десетина лица беа повредени во петокот по насилниот упад на косовската полиција во општинските згради на северот на Косово.

Косовската полиција фрли шок-бомби и солзавец кон неворужениот народ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија праќа 300 војници на Косово во…

Германската мисија во НАТО ја коментираше посетата…

Косово ќе склучи договор за одбрана со…

Владата на Косово, иако во технички мандат…

Населението на Косово забрзано старее

Според податоците на Агенцијата за статистика на…

Во последните три години од Косово заминале…

Претседателот на Независниот синдикат на приватниот сектор…

Приштина: Повлекување на американската војска не доаѓа…

Министерството за одбрана на Косово денеска ги…