Објавено на:

Прекинати преговорите меѓу Русија и Украина

t

Мировните преговори меѓу Москва и Киев во моментов не се во тек, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Андреј Руденко.

„Украина, всушност, се повлече од преговарачкиот процес“, рече тој, додавајќи дека Киев не дал одговор на рускиот нацрт-договор.

Според Руденко, украинската страна „се обидува да ги замагли одредбите кои се веќе договорени во претходните фази“ од преговорите.

Подоцна, Михаил Подољак, советник на шефот на кабинетот на претседателот на Украина, ја потврди информацијата за пауза во преговорите.

„Процесот на преговори меѓу Украина и Руската Федерација е прекинат. Сепак, ќе биде обновен и, ми се чини, Зеленски ќе биде модератор“, рече Подољак.

Тој додаде дека Украина нема да даде ништо „за да го спаси лицето на Путин“, бидејќи „општеството платило огромна цена“.

Последната рунда преговори лице в лице се одржа во Истанбул на почетокот на април. Како резултат на тоа, двете страни објавија дека е постигнат одреден напредок во преговарачкиот процес.

Потоа Москва почна да го обвинува Киев за недоследност и обиди да се оддалечи од веќе постигнатите договори. Украинските власти, пак, со текот на времето почнаа да изјавуваат дека откако се појавија информациите за злосторствата на руската армија, украинското општество е сè помалку подготвено за каков било договор со Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Русија прогласи вонредна состојба во Курск

Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…

Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…

Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…