Прекин на производството на електрична енергија во Блок 1 во РЕК Битола: Ќе надоместуваат останатите капацитети

Од електроенергетскиот систем ноќеска околу полноќ е исклучен Блок 1 на РЕК Битола. Се работи за планско исклучување заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката. Преземени се сите чекори со цел интервенцијата да биде кратка и ефикасна и в понеделник блокот повторно да биде на мрежа, соопшти АД ЕСМ.
Исклучувањето на блокот е планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата.
Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Протести против регионална депонија во Битола!
Граѓани од Битола, Могила и Новаци протестираат…
(Видео) Слушнете го детето кое е еден…
Искреноста на децата во светот на возрасните…
Снимка од дрон во Битола: Масовен собир…
Илјадници битолчани денеска излегоа на мирен собир…
(Видео) Не издржа младост што сака да…
И во Битола, како и во многу…
(Видео) Советот на Општина Битола ЕДНОГЛАСЕН против…
Советот на Општина Битола едногласно го изгласа…