Преку ден топло, навечер нестабилност со дожд и грмежи
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 35 степени. УВ=7
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и кон крајот на денот во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
T= 34 °C, P= 979 hPa, U= 35 %, V= 3 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Под влијание на циклонска активност од исток до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни утре и во петок во попладневните часови кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, како и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Сончево и топло со мала до умерена…
СОНЧЕВ И ТОПОЛ ДЕН Температура до 22…
Во Скопје, сончево со мала до умерена…
Метео: Минусни утрински температури
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…
Сончево но студено време, максималната температура ќе…
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…