Објавено на:

Преку 160 загинати во авионската несреќа во Јужна Кореја

t

Најмалку 167 луѓе загинаа денеска кога авион слета без тркала, се лизна од пистата и се запали откако удри во ѕид на меѓународниот аеродром Муан во Јужна Кореја, соопштија пожарникарите.

Летот на Jeju Air 7C2216, кој доаѓал од главниот град на Тајланд, Бангкок со 181 патник и член на екипажот, се обидел да слета околу девет часот наутро по локално време на аеродромот на југот на земјата.

Тоа е најтешката авионска несреќа на јужнокорејска авиокомпанија во последните 30 години.

На видеата се гледа како боинг 737-800 со два мотори се лизга по пистата без опрема за слетување, удира во ѕид и експлодира во огромна огнена топка. Други фотографии покажуваат чад и оган околу делови околу леталото.

Двајца членови на екипажот, маж и жена, се спасени од запалената опашка на авионот, изјави на прес-конференција шефот на противпожарната служба Ли Јунг-Хјун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

САД ќе воведат санкции кон Русија и…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден нема…

Ја чека ли Украина корејско сценарио?!

Украинскиот конфликт потсетува на Корејската војна, пишува…