Премиере Мицкоски, која е цената којашто граѓаните треба да ја платат за вашата ароганција?

t

Левица со најостра осуда реагира на однесувањето на премиерот Христијан Мицкоски за време на средбата со родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. По четири месеци избегнување да се соочи со семејствата на жртвите и да стапне во Кочани, премиерот не само што не понудил никакво сочувство, туку настапил со арогантен, навредлив и целосно недостоен однос.

Наместо да ја препознае тежината на трагедијата и одговорноста што институциите ја имаат, Мицкоски се обидел да ја политизира болката на семејствата. Врв на неговата ароганција е изјавата со која родителите биле повикани „да си одредат цена“ за загубата на своите деца – изјава што не открива само недостиг на емпатија, туку длабоко морално растројство на власта!

Арогантното однесување на Мицкоски, за жал, не е изолиран случај, туку доследен модел во неговото вршење на функцијата. Тоа е симптом на подлабок проблем – целосно отуѓување на власта од граѓаните и бегање од секоја форма на човечка и институционална одговорност.

Левица во целост ги поддржува барањата на родителите, и како парламентарна партија, и како луѓе. Ќе продолжиме да ги користиме сите институционални механизми што ни стојат на располагање, во Собранието и надвор од него, за да се обезбеди целосна одговорност за трагедијата во Кочани и да се спроведе неселективна правда.

Власта упорно одбива да ја сфати суштината на оваа трагедија – ова не беше „несреќен случај“, туку убиство извршено од корумпиран систем ткаен со децении, а секојдневно надградуван и од оваа влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиере Мицкоски, која е цената којашто граѓаните…

Левица со најостра осуда реагира на однесувањето…

Проф. Ацески: „Одлуката за признавање на дипломите…

Во текот на вчерашниот ден од партијата…

Многу биле заинтересирани за 24 илјади денари…

За една недела се продолжува рокот за…

(Фото) Ќерката на Гоце Тодоровски со потресна…

Ќерката на нашата актерска легенда, Гоце Тодоровски,…

Болницата „Козле“ се’ уште без вода –…

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника…