Објавено на:

Премиерот на Гренланд му порача на Трамп: Доста е!

t

Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде најави дека ќе свика состанок со лидерите на сите партии за да испратат заеднички и остар одговор на најновите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот.

„Претседателот на САД повторно јавно зборува за тоа да нè анексира. Доста е!“, напиша Егеде на Фејсбук.

Претходно денеска, Трамп изјави дека е уверен оти Гренланд еден ден ќе стане дел од САД.

– Мислам дека тоа ќе се случи, изјави тој во Белата куќа, одговарајќи на новинарско прашање за можна анексија на Гренланд.

Оваа изјава доаѓа само два дена по парламентарните избори во Гренланд, на кои победи про-бизнис партијата Демократит, која поддржува постепен премин кон независност.

Данска веднаш одговори со став дека „Гренланд не е на продажба“, повторувајќи ја својата позиција од 2019 година, кога Трамп за првпат го изрази интересот за купување на островот.

„Овие избори се добри за САД“, коментираше Трамп, но не прецизираше што подразбира под тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот на Гренланд му порача на Трамп:…

Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде…

Сијарто: Невозможно е Украина да влезе во…

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто…

(Видео) Снимки од тајни средби, подготовки за…

Опозицијата и невладините организации ќе распоредат свои…

Изјавата на Путин за Трамп е охрабрувачка,…

Се надевам дека Русија ќе ја донесе…

Левица: Советниците на ДПМНЕ изгласаа во Долно…

Во Долно Лисиче ќе никне нова индустриска…