Премиерот на Јапонија вети дека ќе ја зајакне јапонската армија, како и сојузот со САД

t

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска го повтори своето ветување дека ќе ја зајакне војската на неговата земја и ќе го продлабочи сојузот со САД за време на мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Ишиба, на годишната смотра на јапонските трупи одржана во предградијата на Токио, посочи дека безбедносните услови во Јапонија, како и во целиот свет, значително се влошиле поради ескалацијата на тензиите со Кина, Русија и Северна Кореја.

Тој потсети дека кинески и руски авиони годинава го нарушиле јапонскиот воздушен простор и предупреди дека на овој начин е загрозена безбедноста на Јапонија, што, како што рече, е апсолутно неприфатливо.

Ишиба истакна дека Јапонија се соочува со зголемени закани поради забрзаната воена активност на Кина во близина на јапонските брегови, како и поради повеќекратните лансирања на проектили од Северна Кореја.

Тој вети дека ќе ја зајакне јапонската дипломатија и безбедност, наведувајќи дека јапонско-американската алијанса е клуч за постигнување на таа цел.

Ишиба рече дека се договорил за подобрување на односите со САД за време на краткиот телефонски разговор со Трамп во четвртокот.

Ишиба ја презеде функцијата на 1 октомври, заменувајќи го премиерот Фуми Кишида, но неговата владејачка коалиција претрпе голема загуба на парламентарните избори одржани на 27 март и може да се соочи со тешкотии во спроведувањето на планираните политики и буџет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…