Премиерот не очекува бегалски бран од Русија: Не сме толку со Москва како некои други држави

t

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање денеска изјави дека не се очекува бегалски бран од Русија, со оглед на тоа, како што кажа, што ние немаме конекција со Москва, како што имаат некои други држави.

На прашањето, пак, доколку има руски бегалци, дали ќе го имаат истиот третман како украинските, тој кажа дека Украинците имаат третман согласно со меѓународните организации во кои ние сме членки за згрижуавање на бегалци од војна.

– Ние ги донесовме сите потребни одлуки во однос на постојано згрижување или згрижување во транзит бидејќи дел доаѓаат и потоа заминуваат во други земји. Тоа е нивниот третман, а вашето прашање е насочено сосема на нешто друго. Тие одат во земји каде што имаат директни летови. Кај нас нема директни летови, одговори Ковачевски по настанот за презентација на Проект за поврзување на локалните патишта.

Премиерот на прашањето дали се размислува за укинување на визите за граѓаните на Русија, вели дека нема таков предлог во моментов.

Во изминатите денови илјадници руски државјани ја напуштаат земјата во обид да избегнат мобилизација, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица нареди делумна мобилизација на 300.000 резервисти. Русите најчесто со автомобили се упатуваат кон границите кон Грузија и Монголија, каде што чекаат и по 48 часа на граница, бидејќи цената на авионските карти, на оние кои се уште се достапни, значително се зголеми и достигна по неколку илјади евра. Меѓу земјите на кои на руските државјани им се овозможува влез без виза се и Србија, Турција, Грузија и Ерменија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…

Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…