ПРЕМНОГУ ГУБЕВМЕ ЧАСОВИ! Учениците бараат помал обем на материјалот за матура

t

Главниот заклучок на учесниците на дебатата беше дека тие како генерација немаа ниту една целосна непрекината учебна година,а тоа се одразува на нивното образование.

Да се намали обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, и изоставување на еден интерен предмет се две од повеќето барања на матурантите кои одржаа дебата на тема „Државна матура 2023: што велат матурантите?”

Дебатата ја организираше Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС).

Се дебатираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и за тоа како тие предизвици ќе влијаат на полагањето на државната матура.

Според учесниците во дебатата изминатите четири учебни години поради ковид кризата и кризата со дојавите за бомби голем дел од материјалот не бил квалитетно предаден, а се губело и голем дел од часовите.

Главниот заклучок на учесниците на дебатата беше дека тие како генерација немаа ниту една целосна непрекината учебна година, а тоа се одразува на нивното образование. Во таа смисла дел од предлозите што произлегоа од дебатата беа намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, изоставување на еден интерен предмет и слично.

Од ОДАС велат дека овие заклучоци ќе им бидат доставени на надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиецот од Цетиње бил условно осуден, експлозив…

Вршителот на должноста директор на полициската управа…

Тешка сообраќајка на скопската обиколница, има загинати

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на…

Тоа што ќе го правите утре ќе…

Кога свети Игнатиј бил дете Исус го…

Близнаци меѓу жртвите во Цетиње

Браќата близнаци Милош и Марко Мартиновиќ се…

Уште утре уживајте во сонцето, студен бран…

Синоптичарите и за утре најавуваат сончево и…