Пренџов: Ние немаме топлинска, туку гасна криза
Пратеникот Љупчо Пренџов, во вечерешното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, ја коментираше денешната одлука на собранието да биде продолжена кризната состојба со топлинската енергија до крајот на април. Пренчов посочи дека ние немаме никаква топлинка криза, туку дека се работи за криза поради недогтиг на гас.
„Прво, јас сметам дека ова не е топлинска кризна состојба затоа што топланите работат, мрежата работи, ние сме немале земјотрес, некое внатрешно свлечиште па да не работи, едноставно ние имаме гасна криза. Ние во оваа држава немаме гас. Значи, покрај тоа што имаме здравствена криза, покрај тоа што имаме енергетска криза, покрај тоа што имаме мигрантска криза, имаме и не топлинска, туку гасна криза, бидејќи не можат да обезбедат ниту гас. Ние ја имаме истата приказна како со вакцините, прво велеа вакцините ќе дојдат за нова година, ако не на почетокот, на средината на јануари ќе има масовна имунизација, а таа се случи во месец јули, кога стигнаа првите 400 000 вакцини од синовак“, вели Пренџов.
Пренџов потсети дека пред почетокот на енергетскта криза претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја предупредил власта да не ги празни акумулациите, да продлабочат и прошират со копање на јаглен, но власта тогаш обвини дека опозицијата шири страв, за сега се правдаат дека кризата е европска и дека нема како да ја спречат.
„Ние викавме немојте да ги празните езерата, протестиравме, и во собрание зборувавме и секаде, не ги празнете акумулациите ќе ни требаат, веќе во две држави членки на ЕУ се кажува дека нуклеарните централи ќе престанат да работат, автоматски ќе има помалку енергија. Тоа значи дека Франција, Германија, Италија мора да имаат енергија, но таа ќе поскапи, а ние ќе бидеме колатерална штета. И тоа ништо не го слушаа, тераа купи ден продај политика. И се случи ние да имаме 40% поскапа струја, да имаме гас за 5-6 пати поскап и да мора државата да влегува во приватни компании, да ги национализира со цел граѓаните од Скопје да немаат проблеми со греењето, бидејќи доколку им се исклучат радиаторите на тие семејства коишто се приклучени на градското парно, тогаш ќе им падне системот за електрична енергија бидејќи ќе се приклучат на струја.“, вели Пренџов. ,
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски на распит во обвинителството
Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…
Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…
Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…
Мудис: Загрозена економската иднина на Израел
Војната со палестинската милитантна група Хамас го…
Расте „стапката на смртност“ на бизнисите во…
Отворањата на нови компании исто така бележат…
Премиерот на Баварија: Германија е во „сериозна…
Владата на канцеларот Олаф Шолц е „целосно…