Пресвртница: Една европска земја целосно прекинува со увоз на руски гас
Претседателот на Литванија Гитанас Наузеда изјави дека неговата земја од овој месец нема да увезува руски гас.
– Пред многу години, мојата земја донесе одлуки што ни овозможуваат лесно да ги прекинеме енергетските врски со агресорот. Ако ние можеме да го направиме тоа, може и другите во Европа, напиша Наузеда на Твитер.
Додека во соопштението на литванското Министерство за енергетика се наведува дека литванскиот систем за транспорт на гас од почетокот на месецот работи без увоз на руски гас.
Министерот за енергетика Даиниус Крајвис изјави дека ова е пресвртница во историјата на енергетската независност на Литванија.
– Ние сме првата земја од ЕУ меѓу добавувачите на Гаспром што стекна независност од испораките на руски гас како резултат на долгогодишна кохерентна енергетска политика и навремени инфраструктурни одлуки, посочи Крајвис.
Доколку е потребно, Литванија може да увезува гас преку гасна врска со Летонија, а од 1 мај преку гасна врска со Полска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Испораките на руски гас во Кина ќе…
Русија и Кина разговараа за прашањето за…
Литванија тврди дека Унгарија е „против Европа“
Литванскиот министер за надворешни работи ја обвини…
Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…
Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…
Бизарна несреќа во Хрватска: Пуштил телевизор и…
Во Осиек дошло до експлозија во стан…
Молдавија сепак ќе купува гас од Русија
Како што се приближува зимата Молдавија се…