Претреси во Берово и Виница, пронајдена дрога

t

Денеска (20.08.2025) околу 09.30 часот, полициски службеници од СВР Штип-ОВР Берово го лишиле од слобода Б.С.(36) од Берово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис, неколку пакувања со марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

На 19.08.2025, исто така, со судска наредба, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Виница извршиле претрес во домот на Г.П.(32) од Кочани, со живеалиште во Виница.

При претресот биле пронајдени и одземени , марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…

Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…

Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…

Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…

Во Албанија уапсени повеќе од 200 луѓе…

Акцијата е изведена во текот на ноќта…