Претреси во Прилеп: Пронајдена дрога, приведени две лица
Во текот на вчерашниот и денешниот ден (20/21.04.2022) од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп извршени се претреси на две локации во Прилеп, при што лишени од слобода се две лица.
Имено, вчера (20.04.2022) во 07.00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(39) од Прилеп, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Денеска (21.04.2022) во 07.15 часот од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при ОВР Прилеп лишен е од слобода А.Ш.(32) од Прилеп, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела грутчеста материја и неколку таблетки.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…
Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…
(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава
Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…
„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…
Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…
Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…
Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…