Претреси низ Македонија поради детска порнографија, полицијата влезе и кај претседател на бугарско здружение!

t

Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со Отсеците за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Македонија.

Според неофицијални информации претреси се вршат на седум локации, а полицијата обезбедува докази за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик.

При претресите, се очекува да бидат одземени одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.

Неофицијално едно од лицата кај кого се врши претрес е Б.К. од Струга за кого постојат информации дека е претседател на бугарско здржение „Струмичка петорка“, кој воедно е и водител е на подкаст.

Б.К. се поврзува и со лицето Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“ кој има забрана за влез во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

25 години од почетокот на воениот конфликт…

Денеска се навршуваат 25 години од официјалниот…

Гаши: Таа ноќ Кочани и Македонија изгубија…

Некои ноќи завршуваат рутински, некои ноќи завршуваат…

Обоена со сина боја зградата на МВР…

Денес на 7 март, светот ќе им…

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со…

БТА: Белгија планира да испрати затвореници во…

Белгиските власти го прошируваат списокот на земји…