Претседателката на Европскиот парламент во посета на Киев: Инвазијата на Путин е криминална – ја поддржуваме Украина
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола денеска во Киев изјави дека Европејците се со Украина и ќе помогнат во обновата на градовите по завршувањето на војната со Русија.
Роберта Мецола, која е претседателка на Европскиот парламент од јануари, рече дека институцијата ќе ги поддржи напорите на Украина да го започне процесот за пристапување во Европската унија.
– Ве молам, верувајте ми кога велам дека Европскиот парламент, Европската унија и европските граѓани се со Украина. Затоа сум овде денеска, бидејќи сме со вас, рече таа по пристигнувањето во главниот град Киев.
Мецола и вети три работи на Украина.
-Прво, криминалната инвазија на претседателот Владимир Путин на Украина ја доведува Русија во директна конфронтација со Европа, меѓународната заедница и светскиот поредок заснован на правила. Ова не е нешто што ќе му дозволиме да го направи без отпор, изјави таа.
-Второ, Европската унија ги препознава вашите европски амбиции и вашите аспирации да бидете земја кандидат. И можете да сметате на целосната поддршка од Европскиот парламент во постигнувањето на оваа цел, додаде таа.
-Трето, ќе ви помогнеме да ги обновите вашите градови и места кога ќе заврши оваа незаконска, неиспровоцирана и непотребна војна. Ние веќе обезбедивме финансиска, воена и хуманитарна помош. Тоа ќе продолжи и ќе се зголемува, рече Мецола на заедничкиот брифинг со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната Рада, украинскиот парламент.
Стефанчук рече дека разговарал за дополнителни меѓународни санкции против Русија, хуманитарна и воена помош за Украина и процедурите за пристапување во ЕУ. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…