Објавено на:

Претседателката Санду го потпиша указот за почеток на преговорите за членство на Молдавија во ЕУ

t

Претседателката на Молдавија, Маја Санду соопшти дека го потпишала указот за почеток на преговорите за влез на земјата во Европската унија.
„Денеска го потпишав Указот за почеток на преговорите и пристапување на Молдавија во ЕУ. Молдавија ги спроведе сите препораки на Европската комисија. На овој начин, две години по добивањето кандидатски статус, на 25 јуни ќе се одржи првата меѓувладина конференција Молдавија-ЕУ, која ќе го означи почетокот на преговорите за влез во алијансата“, напиша Санду на социјалните мрежи.


Таа додаде дека за главен преговарач од Кишињев е назначена вицепремиерката за евроинтеграции Кристина Герасимов.
Во меѓувреме, белгиската мисија објави дека сите 27 земји на ЕУ го одобрија почетокот на пристапните преговори со Украина и Молдавија на 25 јуни во Луксембург.
На самитот на ЕУ на 14 декември 2023 година беше одлучено да започнат преговори со Украина и Молдавија за идно членство во Европската унија. Во јуни 2022 година, ЕУ на овие земји им додели статус на земји кандидати за членство во ЕУ, поставувајќи неколку строги услови за формален почеток на пристапните преговори. ЕУ постојано призна дека таквата одлука во голема мера била симболична за да ги поддржи Киев и Кишињев во нивната конфронтација со Москва.


Статусот на земја кандидат за членство во ЕУ, како и почетокот на преговорите, не мора да значи дека земјата ќе влезе во Европската унија, ниту пак го обврзува Брисел на нешто. Добивањето кандидатски статус е само почеток на прилично долгиот пат до влез во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ масовно инвестира во одбраната

Лидерите на Европската унија на самитот во…

Лидерите на ЕУ и земјите од регионот…

По повод трагичниот пожар во дискотеката во…

ЕУ подготвува посебен фонд за Украина за…

Земјите од Европската унија предложија создавање доброволен…

ЕУ оствари трговски суфицит со САД од…

Во 2024 година, Европската унија извезла 531,6…

Фон дер Лајен: ЕУ треба да се…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…