Претседателката Сиљановска Давкова ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју.
На средбата беше изразено задоволство од тековната соработка и партнерството фокусирано на економскиот раст и севкупниот развој на македонското општество.
Нагласувајќи ја непроценливата улога на Светска банка во изминативе три децении, претседателката Сиљановска Давкова изрази благодарност за континуираните проекти и иницијативи насочени кон клучните области, деловната клима, вработеноста, социјалната заштита и промовирањето одржлив зелен раст.
Двете соговорнички разменија мислења за Рамката за партнерство за периодот 2024-2028 година, која претставува одлична можност за натамошно продлабочување на меѓусебната соработка, директно придонесувајќи кон надминување на актуелните предизвици и подобрувајќи го квалитетот на животот на македонските граѓани.
Во таа насока, претседателката ја изрази нејзината подготвеност за актуелизирање на овие цели, натамошно промовирање на нашите економски интереси и искористување на идните потенцијали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…