Претседателката Сиљановска Давкова ги осуди вчерашните инциденти со македонското знаме

t

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме.

Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил на Фејсбук, ова е чин на непочитување на државните симболи, но и директно поткопување на заедништвото на сите македонски граѓани што тоа знаме го симболизира.

-Ваквите постапки не придонесуваат за градење доверба и почит меѓу граѓаните, туку поттикнуваат дополнителни тензии и поделби. Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти. Надлежните институции треба да спроведат темелна истрага за настанот и да преземат соодветни мерки за одговорните лица, напиша таа.

Претходно, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека уапсени се осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Тошковски рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година.

Тошковски нагласи дека сите се млади лица, а еден е малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а друг како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.

Основното јавно обвинителство Скопје попладнево информираше дека поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик. Против уште едно малолетно лице ќе се води редовна постапка според Законот за правда за децата.

-Осомничените на 28.11.2024 година околу 20:00 до 23:00 часот на булевар „Крсте Мисирков“ во Скопје, по завршување манифестација на плоштадот Скендербег по повод прослава на денот на албанското знаме, со излагање на подбив на национални симболи, односно со палење, уништување и кинење на државното знаме, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, информираат од Обвинителството.

За полнолетните осомничени надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хезболах не знаел дека купува пејџери од…

Двајца поранешни припадници на Мосад за американската…

74-годишна жена од Охрид заврши во болница…

Вчера во 18.00 часот во СВР Охрид…

Озлогласениот наркобос се врати во Колумбија по…

Еден од основачите на наркокартелот Меделин се…

ВО ЛУКСЕМБУРГ Е НАЈИСПЛАТЛИВО ДА СИ ЖЕНА:…

Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и…

20-годишник тешко повреден, откако со „голф“ излетал…

20-годишен возач е тешко повреден откако со…