Претседателот на бугарското Собрание: Внесување на Бугарите во Уставот е апсолутен услов за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ
Бугарскиот став останува непроменет дека Република Македонија треба што поскоро да го започне и заврши преговарачкиот процес и да стане полноправна членка на ЕУ како резултат на сопствениот придонес и со исполнување на критериумите за членство, а не врз основа на политичка одлука, смета претседателот на бугарското Собрание, Росен Жељазков.
Тој во интервју за БГНЕС нагласува дека за Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени за вклучување Бугарите во македонскиот Устав.
– Ова е апсолутен предуслов за почеток на преговорите. Ова не е наше билатерално прашање, тоа е услов кој е поставен и евидентиран во условите за почеток на преговорите и го следи Европската комисија, изјави Жељазков во интервјуто дадено на крајот на неговата посета на Рим, каде престојуваше по повод празникот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Тој додаде дека на средбите со претставниците на властите на Италија и Ватикан, го повторил ставот на Софија дека земјава ќе стане полноправна членка на Европската Унија врз основа на сопствениот придонес.
– Сметаме дека ќе ги исполнат условите за членство и не треба да губат време, бидејќи најлошо е да се губи време кое ќе се претвори во скептицизам. На Македонците им требаат брзи одлучни акти и решителни одлуки, без да ја бараат причината надвор. Многу е важно причините, намерите и успесите да бидат нивни, додаде Жељазков.
Тој посочи дека на средбите со неговите домаќини му било посочено дека Западниот Балкан е исклучително важен за Италија и за Светата Столица, бидејќи „тоа е регион со потенцијал за историски конфликти“ и дека најдобар начин за решавањето на тензиите е целосна интеграција на балканските земји во ЕУ.
Жељазков додаде дека на соговорниците им пренел оти Бугарија не поставува услови и не го попречува процес на приклучување на земјава во Унијата.
– Условите ги постави Европската Комисија и за нас е важно тие да бидат исполнети, бидејќи се поврзани со правата на Бугарите во Република Македонија, додаде Жељазков.
За време на престојот во Рим, Жељазков беше примен од папата Франциск, а оствари средби и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин и со претседателот на Пратеничкиот дом на италијанскиот Парламент, Лоренцо Фонтана. Во истиот период, во Рим престојуваше и македонска државно-црковна делегација, предводена од собранискиот претседател Талат Џафери. Двете делегации заеднички положија венци пред плочите на бугарски и македонски јазик во базиликата „Санта Марија Маџоре“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Земјотрес во Бугарија
Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…
Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија
Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…
Македонија ја прегази Бугарија за финале на…
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…