Претседателот на Владата, Мицкоски оствари средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Гренел
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, остварија средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел, соопшти владината прес служба.
На средбата се дискутираше за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, при што беше истакнато значењето на одржување на мирот, безбедноста, стабилноста и продлабочување на односите и соработката меѓу државите во овој дел од Европа. Посебен акцент беше ставен на односите помеѓу САД и Република Македонија, како и на можностите за нивно дополнително зајакнување.
Во текот на средбата се анализираа можностите за искористување на потенцијалите за идни заеднички инвестиции во проекти значајни за регионот. Во наведениот контекст беше разгледана можноста за евентуално американско учество во енергетскиот проект „Чебрен“, кој има стратешко значење за енергетската независност на земјата.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, изрази посебна благодарност до г-дин Гренел за неговата посветеност во градењето на севкупните односи помеѓу двете земји. При тоа истакна дека Владата останува силно посветена кон продлабочување на стратешката соработка, со особено внимание во областите на владеење на правото, економијата и енергетиката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претседателот на Владата, Мицкоски оствари средба со…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од…
Заврши обдукцијата: Македонецот починал од срцев удар…
Горан С.(61) од Врачево Гај кај Бела…
Ново соопштение на Град Скопје: Мицкоски нема…
Град Скопје денеска се огласува со соопштенија…
СДСМ: Александар Николоски е новиот Чак Норис,…
Александар Николоски е уште еден политичар кој…
Американски војник и продал на Кина тајни…
Американски воен аналитичар се изјасни за виновен…