Претседателот на Воениот комитет на НАТО: Подготвени сме за конфликт со Русија
Претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, изјави денеска дека Северноатлантската алијанса е подготвена за можен конфликт со Русија.
„Дали сме подготвени? Одговорот е да! Наша главна задача е да бидеме подготвени“, истакна Бауер во интервју за „Армијаинформ“, списанието на украинското Министерство за одбрана, и додаде дека ако веднаш дојде до конфликт, тие ќе се борат со она што го имаат.
Бауер, исто така, го повтори она што претходно го кажа Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, дека војниците на НАТО не се присутни во Украина и дека Алијансата не планира да ги испрати таму.
„Но, ако некоја земја одлучи да испрати свои војници таму, тоа ќе биде во врска со остатокот од Алијансата. Се обврзавме да си помагаме меѓусебно ако некоја членка е во тешка ситуација. Затоа земјите од НАТО ќе се консултираат пред да донесат таква одлука“, рече тој.
Покрај тоа, Бауер повтори дека еден од условите за членство на Украина во НАТО е отсуството на воени операции на нејзина територија.
Тој претходно на Форумот за безбедност во Киев рече дека , и покрај сите тешкотии, западниот воен пакт инсистира на продолжување на мобилизацијата во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…
Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…
Русија прогласи вонредна состојба во Курск
Русија прогласи вонредна состојба во пограничниот регион…
Американскиот Стејт департмент ја осуди блокадата на…
Стејт департментот набљудува како руските власти постојано…
Кандидатот за потпpетседател на Тpамп: Амеpика не…
Тврдењата на актуелните американски власти за наводна…
Се јави Медведев и тоа со закана,…
Русија треба да ја направи својата специјална…