Претседателот на руската Дума: “Војна до последниот Украинец” е веќе официјална политика на ЕУ и НАТО
По јавните желби за продолжување на непријателствата во Украина, шефот на дипломатијата на ЕУ, Јосеп Борељ, мора да ја напушти функцијата, изјави претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин.
„Земјите од ЕУ треба веднаш да го разрешат Борељ. Негова должност е да бара решение за проблемот по дипломатски пат“, напиша Володин на својот канал Телеграм.
Тој додаде дека на почетокот на сите им било јасно каква улога Вашингтон и Брисел и доделиле на Украина. Денес Западот отворено ја декларира својата цел – она што тие го тераат со години, снабдувајќи ја Украина со оружје и поддржувајќи ја нацистичката идеологија.
Според Володин, „војната до последниот Украинец“ стана официјална политика на ЕУ и НАТО.
Претходно Борел, коментирајќи ги настаните во Украина, на својот Твитер напиша: „Оваа војна мора да се добие на бојното поле“. Шефот на европската дипломатија во својот пост потсети и на претходно доделените 500 милиони евра за испорака на оружје за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…