Претседателот на Советот за македонски јазик: Нема откажување од дијалектите, туку дефинирање на стандардизираниот јазик

t

Унилатералната декларација на македонската влада во врска со македонскиот јазик која е поднесена до ЕУ го дефинира стандардниот литературен македонски јазик и во неа нема ништо спорно, објасни за Дојче Веле професорот на Филолошкиот факултет и претседател на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов.

Откако беше објавена декларацијата, во јавноста се појавија реакции и коментари во кои се тврдеше дека со неа се негира дека македонскиот јазик има дијалекти кои се зборуваат надвор од територијата на Македонија.

„Овде се работи за стандардниот литературен јазик во македонската декларација. Тој јазик уште од времето на Мисирков, потоа Конески и потоа Комисијата за јазик и правопис е стандардизиран врз основа на следните говори: Битола, Велес, Прилеп и Кичево. Тој јазик се темели на нив“, вели професорот Спасов.

Во документот кој го испрати македонската влада до ЕУ се наведува следното:

„Литературниот македонски јазик е кодифициран во 1945 година. Согласно сознанијата утврдени со акти, широко прифатените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика и лингвистичката наука, македонскиот јазик има свој јазичен, просторен и временски континуитет. Овој континуитет се заснова на специфичниот развој на дијалектите што се во неговата основа и биле распространети на територијата на денешна Република Северна Македонија. Македонскиот јазик се определува како словенски јазик, кој се наоѓа во јужнословенската група јазици, кој низ вековите растел, се развивал и се издигнал во наддијалектен, национален стандарден јазик на македонскиот народ.”

Според проф. Спасов, ваквата дефиниција е на линија со граматиката на Конески од 1952 година, со којашто се стандардизира јазикот, како и на Правописот издаден во 1945 година.

„Целата активност која се развива во втората половина на 19 век, преку Цепенков, Шапкарев и други се заснова врз западното наречје. Мисирков е исклучително јасен кога вели: Македонците од западна, северна, источна и јужна Македонија кога ќе си ги подадат рацете тие ќе се вкрстат околу Битола и Прилеп. Ние во декларацијата зборуваме за стандарден јазик, оној што е официјален и на кој што се пишуваат сите документи не само внатре во земјата, туку и надвор.”

Професорот Спасов вели дека треба да се прави разлика меѓу стандардизиран литературен јазик и македонско јазично подрачје. Второто, вели тој, „се простира и надвор од границите на Македонија и тоа се докажува со научни историски социолошки и други факти.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…