Претседателот на Унгарија го потпиша законот со кој се забранува „парадa на гордоста“
Унгарскиот претседател потпиша закон со кој ќе се забранат парадите на гордоста, и покрај критиките од организациите за човекови права дека ја ограничува слободата на собирање, објави во средата Ројтерс.
Демонстрантите блокираа мост во центарот на Будимпешта во вторникот вечерта, откако парламентот го усвои нацрт-законот, кој во понеделникот беше предложен од владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан.
Законот беше потпишан од унгарскиот претседател Тамаш Суљок, поранешен претседател на Уставниот суд, кој беше избран за претседател пред една година.
Неговата канцеларија немаше коментар во средата.
Законот ги забранува „Парадите на гордоста“ со образложение дека тие може да се сметаат за штетни за децата. Исто така, се наведува дека полицијата може да користи камери за препознавање лица за да ги идентификува луѓето кои учествуваат во нив и да ги казни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…