Претседателот Пендаровски во официјална посета на Чешката Република
Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре престојува во официјална посета на Чешката Република.
Во Прага претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете држави.
Како што најавуваат од претседателскиот кабинет, Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Сенатот на Парламентот, Милош Вистрчил, со претседателката на Домот на пратениците на Парламентот, Маркета Пекарова Адамова и со претседателот на Владата, Петр Фиала.
За време на официјалната посета на Чешката Република, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од…
Чешка и Словачка вратија 139 лица дома…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…