Претседателот Пендаровски и првата дама ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета
Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи на 19 септември 2022 година (понеделник) во Лондон, соопштија денеска од неговиот кабинет.
Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, се подготвуваат да отпатуваат во Обединетото Кралство на историскиот погреб во Вестминстерската опатија во понеделник на 19 септември.
Белата куќа потврди дека Бајден на погребот на кралицата Елизабета ќе присуствува со сопругата Џил, а своето присуство досега го потврдија и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн.
Јапонскиот цар Нарухито, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, францускиот претседател Емануел Макрон исто така ќе присуствуваат на погребната церемонија додека Шпанија ќе ја претставува Кралот Фелипе VI.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…