Приближувањето на санкциите за НИС ги растрча сите испостави на СНС и СПЦ во Скопје

t

Медиумите на Живаљевиќ побрзаа триумфално да го пренесат беседењето на Ѓилас, омилениот опозиционер на Вучиќ, како „ЕУ и го завртела грбот на Македонија“, додека во тек е третото еднонеделно одлагање на санкциите на САД кон „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС).

Заборавено е кој ја продаде српската НИС на руски Газпром за 400 милиони евра во 2008.

Тоа не беше владата на Вучиќ, туку онаа „либералната“, „граѓанистичката“, „прозападната“ – на Тадиќ, Јовановиќ, Коштуница, Дачиќ… (ДС, ДСС, СПС, ПУПС и нивните ренегати) од каде произлезе и Странката на слободата и правдата на Ѓилас.
Владата која еднакво – „не го даваше Косово“, а СПЦ ја одржа како своја водилка во балканската примена на рускиот концепт на единството црква – државата за да му се спротивстави на европскиот концепт на нација – држава.
Партиите кои произлегоа од тогашните коалициони партнери до денес се опозиција која со својата недоследност го легитимира Вучиќ. Последни во низата се либерал-демократите и нивниот Чедомир Јовановиќ, како илустрација за криењето на екс-комуниститите и нивната олигархија во Источна Европа и Балканот во либерализмот и „граѓанизмот“.
Затоа, студентските протести кои прераснаа во граѓански, диференцираат сопствен пристап и најверојатно ќе произведат свои листи – различни од омилените опозиционери на Вучиќ. И претставуваат коска во грлото на власта и нејзината проектирана опозиција.
Тоа е причината Вучиќ и неговите опозициски партнери заедно да ги нарекуваат студентите „блокадери“.
Останува прашањето дали протестите ќе се одделат од партиско-црковното единство со СПЦ или и тие ќе бидат ставени во шините на православното единство на црквата и државата кое во Србија е изразено во двоецот Порфириј – Вучик, како во Русија во двоецот Кирил – Путин.
Како што кај нас тоа е изразено во тројството ВМРОСДСМПЦНЕ и упорно е насочено кон уривање на концептот на нацијата на Северна Македонија низ која македонскиот народ ја остварува својата конститутивност и посебност во сопствената држава на основа на рамноправност, еднаквост и – секуларност.
Трансграничната партиска соработка е по истите линии – СДСМ на Филипче и Заев блиска од времето на Црвенковски и Шекеринска со ДС на Тадиќ и неговите ренегати предводени од Ѓилас, ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски блиска со Вучиќ од времето на Груевски, МПЦ на г.г. Стефан подредена на СПЦ на Порфириј – постојано. Интересно, никој од нив близок со Ѓинѓиќ.
Санкциите кон НИС американската администрација ги одложи по трет пат.
Забележливо е како санкциите се приближуваат, расте нелагодноста и во Белград – и во Скопје.
Тоа се гледа низ агресивноста на проруските ботови на социјалните мрежи, но и на оние во Собранието на Северна Македонија – и во мнозинството и во опозицијата.
Едноставно е – санкциите за НИС ќе ги осиромашат трансакциите кон носителите на руското преку српското влијание како во Северна Македонија, така и во БиХ, Црна Гора, Косово… И секако, кон нивните медиуми.
Оттука, обидот да се киднапираат студентско-граѓанските протести во Србија во договор меѓу власта и нејзината лојална опозиција е обид за реприза на киднапирањето на „Шарената“ во Северна Македонија во изведба на СДСМ.
Но, лекцијата очигледно е научена, па сценариото не е лесно повторливо.
Нервозата расте со порастот на притисокот од ЕУ врз Белград, кој Скопје го чувствува „по службена должност“, како административна и финансиска подружница на Србија, а не како главен град на Северна Македонија.
Ако Европскиот Парламент чекаше триесет години да ја посочи потребата од отворање на досиејата на поранешните југословенски служби во Белград и Скопје, сега тоа го стори низ Извештајот за РСМ. Извештаите за 2025 и за Северна Македонија и за Србија следуваат на дневниот ред.
Но на 21 септември, ЕП ја отвори темата на мешање на РПЦ во Молдова, Грузија, Ерменија, Украина и Србија, но и трите ЕУ-членки Бугарија, Романија и Чешка. Ова е најавата дека единството на црквата и државата под покровителство на испоставите на РПЦ е лоцирано безбедносно прашање за Европа и тоа нужно ќе биде адресирано.
Во такви околности, сослужувањето на Петар Каревски со московскиот патријарх не е пркос и духовност, туку изнуденост – да се покаже страната. Синодот е на потег.
Широката коалиција ВМРОСДСМПЦНЕ може да се држи до „паркови и клупи“ до 19 октомври. Веќе до вториот круг на имитацијата на локални избори, широката коалиција што се заговара доаѓа во судир со регионалната констелација.
Ивон Величковски
фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приближувањето на санкциите за НИС ги растрча…

Медиумите на Живаљевиќ побрзаа триумфално да го…

Екс директорот на АЕК и екс сопруг…

Поранешниот директор на АЕК Роберт Орданоски, на…

Иле Гоцевски – возачот на итна помош…

Смрт од тага или Синдром на скршено…

(Видео) Доктор Шаини пуштен на домашно лекување

Носителот на советничката листа на ДУИ во…

Груевски според одењето, Заев како зајак: Како…

Глувонемите луѓе, наместо да кажуваат буква по…