Објавено на:

Приведени двајца криминалци од Куманово за издржување затворски казни

t

Две лица привела изминатиот викенд полицијата во Куманово поради издржување на затворски казни за претходно сторени кривични дела.

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.С.(39) и М.И.(31), двајцата од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, С.С. бил осуден на казна затвор од 10 години за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ по член 237 и 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на две години и осум месеци од казната.

М.И., исто така, бил баран по централнa потерница врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна од шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

– Лицата биле спроведени во Казнено-поправна установа Затвор К’шање за издржување на казните, стои во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…

(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…

Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…