Приведени двајца мажи кои подметнувале пожари

t

Полициски службеници попладнево лишиле од слобода две лица во Куманово и Тетово, поради постоење основани на сомнение за предизвикување на пожар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Денеска во 18.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(57) од Куманово поради потоење основи на сомнение за сторено кривично дело “предизвикување на општа опасност”. Имено во населбата Рајкова куќа кон с.Никулски пат предизвикал пожар при што опожарени биле сува трева, патничко возило “ауди”, напуштена куќа и ниви. Исто така во 20.00 часот на место викано Брест атар на с.Челопек полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода И.М.(41) од с.Челопек поради постоење основи на сомнение за подметнување на пожар, стои во соопштението од МВР.

Од МВР, информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе следи соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведени двајца мажи кои подметнувале пожари

Полициски службеници попладнево лишиле од слобода две…

На протестите синоќа низ Србија повредени 42…

На синоќешните протести низ Србија се повредени…

Трамп и Путин денеска на Алјаска, ќе…

Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и…

Познат идентитетот на македонецот кој беше убиен…

Во Санта Круз, Боливија, пред неколку дена…

Денеска се празнува Откривање и пренос на…

Кога злите Евреи го убија со камења…