Приведени измамници во Кисела Вода: Земале голема количина на накит во замена за тенџериња

t

На 25.02.2022 во 17.20 часот на ул.“Востаничка“ од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во Полициската станица Кисела Вода биле лишени од слобода Г.Г.(45) и Ј.Г.(19) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “измама“ по чл.247 од КЗ на РМ.

Имено пријавените на оштетениот му понудиле сет тенџериња, а за возврат му зеле поголема количина на златен накит во вредност од околу 120.000 денари (2000 евра). Сторителите биле со патничко моторно возило “фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое било сопственост на рента кар компанија.

Од страна на полициски службеници по превземени мерки двајцата биле лоцирани во апартман во населбата Црниче. Известен бил Јавен обвинител, а потоа со судска наредба извршен бил претрес во апартманот каде престојувале, претрес на лицата како и преглед на две патнички моторни возила “ фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “ауди“ со австриски национални ознаки.

Од извршениот претрес пронајдени биле златниот накит, облека како и еден сет ножеви кои се одземени. Златниот накит е вратен на оштетениот. За горенаведеното сторено кривично дело “измама“ по целосното документирање, од страна на ОКР Ѓорче Петров ќе следи кривична пријава, а осомничените ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

Кривична пријава за Бугарин и охриѓанец: Лажно…

Поради постоење основи на сомнение за сторени…

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Лекар специјалист во Србија зема 1.100 евра…

Претседателката на Сојузот на лекари и фармацевти…

Невреме во Романија, илјадници луѓе се без…

Во 19 окрузи во Романија има силен…