Приведени седум возачи на територија на СВР Тетово за пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 километри на час

t

Полициски службеници при СВР Тетово вчера извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци, о кои 67 во Тетовско и 61 во Гостиварско. За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле приведени седум лица, соопшти МВР.

На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, е приведен М.Б.(47) од тетовското село Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час. На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час. Кај наплатната станица Желино е приведен и А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час. На автопатот Скопје-Тетово, пак, кај местото „Студена вода“ се приведени В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час.

На патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ,,бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час. Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик, наведуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…