Приведени седум лица оти продавале петарди на последниот ден од 2025 година
На 31.12.2025, во периодот од 16:30 до 22:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово на Градскиот плоштад во Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(50) од Тетово, Х.М.(55) од с.Челопек и Џ.Д.(22) од с.Селце. Додека, на Градски плоштад во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода С.Х.(41), М.Х.(44) Б.Х.(53) и Џ Н.(36), сите од Гостивар.
Тие биле затекнати како продаваат пиротехнички средства и кај нив била пронајдена и одземена поголема количина на пиротехнички средства.
Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени седум лица оти продавале петарди на…
На 31.12.2025, во периодот од 16:30 до…
Лишени од слобода возачи во Велес, Тетово…
На 01.01.2026 во 04:55 часот, полициски службеници…
„Оџа“ од Сарај, измамил жена ветувајќи ѝ…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…
Уапсени низа пијани возачи низ Македонија
Ноќеска во 01:20 часот, полициски службеници од…
Филмска сцена во Скопје: Со две возила…
13.12.2025 во 04:20 часот во СВР Скопје,…