Приведени 7 лица во акцијата на Финансиска полиција за нелегална продажба на нафта
Седум лица се приведени во рамки на акцијата на Финансиската полиција, кои се гонат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари, дознава Телма. Вкупно во рамки на истрагата се осомничени 13 луѓе и 10 фирми.
Тие продавале нафта во кеш, а потоа парите ги пријавувале како дневен промет во фирмите преку фиктивини фактури и притоа барале и поврат на ДДВ. Направената штета се проценува на околу 7 милиони евра.
Акцијата била спроведена на 8 локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 7 лица во акцијата на Финансиска…
Седум лица се приведени во рамки на…
Рајнметал ќе гради две фабрики во Бугарија!
Бугарија е важна земја за Германија, но…
Вучиќ рече „ќе ги намалиме потрошувачките кредити“,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера презентираше нов…
Мерц посочи дека никој не треба да…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето…
Надлежните ресори во Министерството за одбрана да…
Надлежните ресори во Министерството за одбрана да…