Приведен е и Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол!

t

Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани, дознава Телма. Инфомакс претходно објави дека приведен во истата акција е и бизнисменот Ратко Капушевски.

Надлежните само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството за гонење на организиран криминал за злоупотреби при набавка на деривати.

„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите  се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден“ пишува во соопштение на ОЈОГОКК.

Од МВР ја потврдија акцијата, но не даваат повеќе информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто нема да се гради проектот кај…

Имаме чудна потреба како општество да бараме…