Приведен жител на Пепелиште, се сомничи дека усмртил жена со комбе и избегал
Педесет и петгодишен маж бил повикан во станица под сомнение дека во вторникот со „цитроен џампер“ усмртил жена во Неготинско и избегал.
„По преземени мерки и активности, на 04.12.2024 полициски службеници од ОВР Неготино го пронашле Д.С.(55) од с.Пепелиште, неготинско. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица поради сомнение дека на 03.12.2024 околу 17.30 часот на регионалниот пат село Пепелиште – Неготино, на место викано „Лака“, со товарно возило „цитроен џампер“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во 75 – годишната А.А. од село Пепелиште и го напуштил местото. Од здобиените повреди А.А. починала, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, информираат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршил јавен обвинител во содејство со увидна еки од ОВР Неготино.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Физички напад во Пепелиште, го бркале тројца…
Синоќа околу 20 часот во ОВР Неготино,…
Приведен жител на Пепелиште, се сомничи дека…
Педесет и петгодишен маж бил повикан во…
Поради активен пожар, прекин на сообраќајот во…
Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино…
Тешко повреден е малолетник од Велешта, со…
МВР информира дека вчера во 13.30 часот…
Се запали комбе во движење на патот…
Комбе марка „форд“со тетовски регистарски таблички се…