Приведен командирот на полициската станица Ропотово за пукање со калашников на веселба

t

Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, денеска е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски: Командирот кој пукаше со автомат е…

Не само што ќе извршиме контроли, туку…

Приведен командирот на полициската станица Ропотово за…

Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на…

МВР: Се истражува случајот, ќе има соодветна…

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека…

Неофицијално: Убиениот во пукањето во Приштина е…

Едно лице загина како последица од истрели…

Ексклузивно: Со калашников изрешетан автомобил со македонски…

Портпаролката на полицијата за регионот на Приштина,…