Приведен криминалец од Скопје, пронајдена дрога, муниција…
На 29.03.2022 во 16.00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба и од Единицата за недозволена трговија лишен од слобода е Б.К.(31) од Скопје.
Имено, при претрес на дом на подрачјето на Гази Баба, кој го користел Б.К., извршен со наредба од судија на претходна постапка од Кривичен суд Скопје, пронајдени се предмети кои потекнуваат од кривични дела, и тоа: два лаптопи, фалсификувана патна словенечка исправа на име М.К., фалсификувана бугарска возачка дозвола на име В.В., два куршуми пиштолска муниција, две дигитални ваги, две ќесички бела прашкаста материја.
Б.К. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…
Инцидент каков што ретко се гледа се…
Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…
Заменик претседателот на Советот за безбедност на…
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…
Војната меѓу Израел и Иран ќе има…
Ова ли е тоа тегнење за уши?…
Судот во Струга го прогласи за виновен…
Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…
Новата учебна година во Битола ќе ја…